Англија 51 години чека победа над Романија, дојде време за триумф

6203 Германија У21 – Португалија У21 (21.00 часот)

Ова е финале на младинското ЕП, дуелот се игра во Љубљана. Нема голем фаворит, ова се два тима кои играат во добра форма во континуитет. Португалија уште од октомври 2019 година не знае за пораз, а Германците не загубиле од септември минатата година. Можеби најреално е да заврши нерешено и да има продолженија. Португалците на ова ЕП примаа голови само против Италија и тоа три, а Германците често и даваа и примаа гол.

Предлог тип: Х2 & 2-3 (3.20)

 

3044 Падова – Авелино (20.45 часот)

Ова е прва полуфинална битка за влез во Серија Б, реваншот во Авелино ќе се игра на 9 јуни. Во четвртфиналето против Ренате, Падова загуби дома со 1-3, но победи на гости со истиот резултат. Авелино дома победи со 2-0, па загуби 0-1 од Судтирол. Овие тимови меѓусебе не играле уште од мај 2014 година, сезонава беа во различни групи во Серија Ц, па тешко е да се прогнозира кој е подобар, но Авелино одамна не победил на гости.

Предлог тип: 1 (2.04)

 

6743 Австрија – Словачка (17.30 часот)

Австријците кои се прв противник на Македонија на ЕП, во Виена ја пречекуваат нивната соседна Словачка и тоа ќе им биде сериозен тест. Австрија играше добро на гостувањето кај Англија, но немаше среќа да даде гол. Словаците се тврда екипа која тешко прима голови, а и кога губи обично тоа се тесни порази. Овие селекции последен пат кога играа пријателска, пред пет години, конечниот резултат беше 0-0.

Предлог тип: 1-3 гола (1.40)

 

6717 Англија – Романија (18.00 часот)

Романците не се пласираа на ЕП, па ова за нив е обична контрола, опуштени се, додека Англија треба да ги увери своите фанови дека има тим за високи дострели. Средбата се игра во Мидлсброу, и домашните се големи фаворити. Романија на 2 јуни загуби од Грузија, но последен пат кога играа против Англија, пред 21 година, победија со 3-2. Англија уште од далечната 1970 година не ја победила Романија и сега е шанса да се прекине таа лоша традиција.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.87)

 

6719 Белгија – Хрватска (20.45 часот)

Белгија ќе биде без Де Бројне и Еден Азар, а без нив не успеаја да ја победат ни Грција. Затоа веројатно денеска во Брисел ќе бидат помотивирани, но и гостинот е силен. Хрватите истотака киксираа на контролата на 1 јуни, одиграа 1-1 со Ерменија. Овие две селекции осум години не играле меѓусебе, па традицијата не е некој показател. Индивидуалниот квалитет е на страна на Белгија, но резултатот не е приоритет на ваквите контроли.

Предлог тип: ГГ (1.71)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести