Англичаните водат со 4-0 по првото полувреме на гостувањето кај Бугарија. Серијата ја отвори Маркус Рашфорд со феноменален гол, а потоа два гола даде и Рос Баркли и еден постигна Рахим Стерлинг. За Англија, ова е 999-ти меч, а илјадарката ќе ја има во следното коло, дома против Црна Гора.
Рашфорд има осум гола за Трите лавови, од кои последните три му се на гости, а претходно даде пет на домашен терен. Баркли сите шест гол за Гордиот Албион ги даде на гостински терен.
Водството на Англија од 4-0 најавува нивна убедлива победа и можеби нема да им одговара ниту нив ако средбата се прекине и добијат службена победа од 3-0. Во 27-мата минута спикерот на националниот стадион „Васил Левски“ ги предупреди бугарските фанови да престанат со расизам. Потоа, во 42-рата минута дојде и мал прекин и второ предупредување. Ако ова се повтори, и по трет пат може да има прекин и средбата да не се доигра. Проблемите ги правеа една група Бугари облечени во црно, но тие го напуштија стадионот.
https://www.youtube.com/watch?v=lcEBVN7dqCA
Интересно е и во Париз, каде што има десетици илјади Турци, па на моменти не се знае кој е домаќин. Резултатот е 0-0, што донекаде им одговара и на Французите и на Турците. Косово води 2-0 против Црна Гора и изгледа до ноември ќе ја одложи промоцијата на Англија во учесник на ЕП, а Украина е на пат да се најде на ЕП 2020 бидејќи води 2-0 против Португалија, која го чека 700-тиот гол на Кристијано Роналдо во неговата кариера.