Англија е најскапиот тим на ЕВРО 2024, потоа следуваат Франција и Португалија

Репрезентацијата на Англија ја има највредната селекција на Европското првенство, според моментната цена на играчи, објави специјализираниот сајт „Трансфермаркт“.

Англичаните се и први фаворити за титула, а проценетата вредност им е 1,52 милијарди евра.

Почетниот состав на Гордиот Албион за првиот нивен меч против Србија треба да изгледа вака: Пикфорд, Вокер, Стоунс, Гуехи, Трипие, Александер Арнолд, Рајс, Белингам, Сака, Фоден, Кејн. И на клупата имаат одлични играчи како Палмер, Воткинс, па не е чудно што ги најавуваат како сериозни кандидати за титулата.

Втор на листата на највредни учесници на ЕП е францускиот тим кој е проценет на 1.23 милијарди евра. Само уште еден тим во Европа вреди над милијарда евра, а тоа е Португалија, со 1.000.500.000.

Шпанците се четврта највредна селекција на ЕП, а потоа следат Германија, Холандија, Италија, Белгија, Данска, Украина, Хрватска, Турција, Србија, итн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести