Англија и селекцијата на САД имаат резултати по првото полувреме што ги водат во нокаут-фазата на Мундијалот во Катар.
Англичаните одиграа без голови против Велс и им требаат уште 45 минути, плус судиското продолжение за да бидат први во Б групата ако не се смени нешто драстично.
Еднаков број бодови, пет, моментно имаат и Американците, кои водат со 1:0 против Иран и би биле втори ако не успеат да ја наполнат мрежата на ривалот, па да ја престигнат Англија.
Кристијан Пулишиќ беше стрелец на единствениот гол вечерва на двата меча од 20 часот, а при погодокот во 38-мата минута се повреди, но сепак остана во игра.
https://twitter.com/LDNFootbalI/status/1597677069571620865?s=20&t=kcG5BA6wpzCw9RBEt4n8Gw
Ако нема драстични промени и по завршувањето на двата меча од 20 часот, тогаш Англија ќе биде прва во Б групата и ќе игра со Сенегал, а САД како второпласирани би играле осминафинале со Холандија.