25.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Англија и фудбалскиот свет треперат за Алекс Флечер – Фудбалерот на Бaт сити се бори за живот

Алекс Флечер е во стабилна, но и критична состојба и е опериран по тешките повреди на главата по бизарниот инцидент на дуелот меѓу Бат сити и Далвич Хамлет вчеравечер.

Фудбалерот на Бат во полн спринт удри во конструкцијата за реклами на стадионот и тешко се повреди.

Мечот беше прекинат по инцидентот, а се играше само пет минути. Флечер беше опериран во текот на ноќта, но состојбата иако е објаснета како стабилна, сè уште е тешка за несреќниот фудбалер.

Флечер има 23 години и по бизарниот инцидент при кој тешко се повреди постојано му пристигнуваат пораки за поддршка за да издржи во најважната животна битка.

- Оглас -

Најнови вести