19.8 C
Skopje
петок, 26 септември 2025

Англија и Германија одиграа меч за историја, имаше 10 гола, а мрежите мируваа во последните 30 минути

На Европското првенство за играчи до 19 години беше одигран меч кој уште долго време ќе се памети. Играа европските гиганти Германија и Англија, а на крајот немаше победник. Резултатот беше неверојатен, 5:5.

Тоа што е уште поневеројатно е како се движеше резултатот. Германија на полувреме водеше со 4:1, а во 48-мата минута веќе беше и 5:1. Сепак, Англија не само што не се предаде, туку следуваше фуриозна игра на Гордиот Албион. Во период од 52-рата до 63-тата минута Англичаните постигнаа четири погодоци и израмнија на 5:5.

Од 63-тата минута до крајот на средбата мрежите мируваа и на крајот двата тима, кои постигнаа по пет погодоци, мораа да се задоволат со по еден освоен бод.

- Оглас -

Најнови вести