Англија и Хрватска во „војна“, Шпанија ќе се радува на реми

Во реприза од полуфиналето на Светското првенство, Англија и Хрватска, попладнево ќе одиграат уште еден важен меч. Секако ова не е толку важен како тој што беше летоска во Русија, но сепак се работи за дуел кој треба да го одлучи победникот во групата од Лигата на нации.

Интересно е што освен двете селекции кои ќе излезат на мегдан на „Вембли“, дуелот со голем интерес ќе го следат и во Шпанија. Сите три репрезентации имаат шанса да бидат први во групата и да продолжат во разигрувањето за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Моментно Шпанија е лидер со шест бодови, додека Хрватска и Англија имаат по 4 бода. Тоа значи дека доколку има победник на „Вембли“, трите бода ќе донесат и прво место во групата и пласман во следната фаза од Лигата на нации. Со реми, на Шпанија ќе и бидат доволни тие шест бода, а Хрватска и Англија ќе извисат.

Интересно е тоа што многу зависи и од тоа дали евентуалното реми ќе биде со голови или би било 0:0. Доколку е 0:0 во тој случај Шпанија останува прва, а Хрватска ќе испадне од А сегментот. Доколку е нерешено, но има голови, тогаш Шпанија повторно е прва, но Англија ќе испадне во Б сегментот, поради послабиот меѓусебен дуел со Хрватска.

„Коцкестите“ последен пат гостуваа на „Вембли“ на 09.09.2009 година и претрпеа дебакл. Англија победи со 5:1. „Гордиот Албион“ секако ќе сакаат повторување на таа игра и резултат, но избраниците на Златко Далиќ сигурно нема да се предадат толку лесно.

 

- Оглас -

Најнови вести