Фудбалската репрезентација на Англија ја декласира Ирска со 5-0 на „Вембли“ и го освои првото место во групата 2 од Лига Б, па се враќа во елитната дивизија од Лигата на нации. Интересно е дека Англичаните немаа предност по првиот дел, но потоа Белингам изнуди пенал, Лиам Скејлс доби црвен картон, а Хари Кејн донесе водство во 53-та минута. Само три минути подоцна Гордон зголеми на 2-0, а потоа се случи вистинска голеада до крајот. Стрелци беа и Конор Галахер, Џерод Боувен и Тејлор Харвуд-Белис.
Грција славеше во Хелсинки со 0-2 против Финска, но мора да се задоволи со втората позиција, затоа што имам послаб меѓусебен скор од Англија
Норвешка исто така со 5-0 го победи Казахстан. Ерлинг Халанд постигна хет-трик, а во листата на стрелците му се придружија и Александер Сорлот и Антонио Нуса.
Австрија и Словенија ремизираа 1-1.