6743 Англија – Полска (20:45ч)
Полска без бомбаредот Левандовски гостува во Лондон, а против Англичаните никогаш не успеале да триумфираат на нивно тло, па сега речиси да немаат шанси за прекин на црната серија штом ѕвездата на Баерн нема да се појави на теренот на „Вембли“.
Гордиот Албион како домаќин против Полска славеше во осум од вкупно девет натпревари, додека во вкупниот збир на меѓусебни дуели исто така не знае за пораз.
Англичаните во овој меч влегуваат со две победи и гол-разлика 7-0, што значи дека цврстата одбрана ќе има полесна задача бидејќи најголемата закана, Левандовски, нема да им пркоси на нивниот гол.
Предлог тип: 1 & T12+ (1.56)
6752 Босна и Херцеговина – Франција (20:45ч)
Во две гостувања досега Французите паметата победи од 2-1 и 2-0, а во Сараево доаѓаат по пауза од 11 години со цел да изборат нов триумф за зацврстување на врвот во квалификациската група Д.
Последниот дуел на овие две селекции се одигра во Париз, во октомри 2011 година, во кој се делеа бодовите при конечни 1-1. Стрелец за Босанците беше Един Џеко, кој и вечерва треба да го предводи својот национален тим.
Светскиот првак ќе треба добро да го чува искусниот босански дијамант, а воедно да покаже дека ремито со Украина беше сосема случајно.
Предлог тип: 2 & 1+ прво (2.0)
6754 Австрија – Данска (20:45ч)
Австрија треба да го скрши митот на Данците кои во претходните два меча победуваа без примен гол, а во оваа средба влегуваат со голема гол-разлика од 10-0. Австријците примија вкупно три гола во дуелите против Шкотска и Фарски Острови, па затоа овој натпревар навестува дека типот ГГ3+ е сосема логичен избор.
Данска славеше во три од вкупно четири меѓусебни дуели против Австрија, а двете селекции ги тресеа мрежите само во првата средба од 1991 година. Работите ќе се сменат ако се знае дека голот на Австрија се тресеше во четири од последните пет натпревари, а Данска пет меча во низа постигнува најмалку по два гола.
Предлог тип: ГГ3+ (2.60)
6750 Литванија – Италија (20:45ч)
Манчини за овој меч го загуби организаторот на игра Марко Верати, но тоа не треба да биде проблем за перфектната Италија, која во последните пет натпревари оствари максимален учинок и притоа успешно ја чуваше мрежата на Донарума.
Во сосема спротивна ситуација се домаќините кои загубија три од последните пет средби, а овие квалификации ги стартуваат со гостински порази кај Косово и Швајцарија.
Италија памети две победи од вкупно три гостувања кај Литванците, со тоа што европскиот великан нема примено гол.
Предлог тип: 2 сигурна (1.68)
6751 Украина – Казахстан (20:45ч)
Украина како втор фаворит зад Франција во групата Д, по две кола уште трага по првата победа во квалификациите, а се чини дека конечно вечерва ќе биде остварена. Составот на Шевченко е апсолутен фаворит против Казахстан и се очекува доминантен триумф без грешка.
Украина има перфектен учинок од четири победи во исто толку средби против Казахстан, во кои просечно на двапати ја тресе мрежата, а вечерва головите со сигурност нема да изостанат.
Предлог тип: 1-1 2+ (1.97)