20.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Англија има одлична шанса квалификациите за ЕП 2024 да ги започне со две победи

6742 Казахстан – Данска (15.00 часот)

Казахстан се наоѓа во серија од четири порази по ред, а последниот беше пред три дена кога загуби од Словенија на стартот со 1:2 и тоа со пресврт, а згора на тоа и традицијата е на страната на Данска. Данска со триумф од 3:1 над Финска ги започна квалификациите за ЕП 2024, а во досегашните четири меѓусебни натпревари, оствари четири победи.

Предлог тип: Т2 1-3 I & 1-3 II (2.10)

 

6746 Англија – Украина (18.00 часот)

Англичаните во голем стил ги започнаа квалификациите за ЕП 2024, со победа над Италија од 2:1 и тоа во Неапол. Тоа беше прва победа за Англичаните на гости против Италија по пауза од 61 година и денеска се фаворити против Украина. Украинците во четвртокот одиграа пријателски натпревар во Англија против вториот тим на Брентфорд како подготовка за денешниот дуел, но немаат голем успех во меѓусебните резултати. Досега Англија и Украина одиграа осум натпревари и Гордиот Албион има пет победи и само еден пораз. Последниот натпревар беше одигран на последното ЕП и Англија славеше со 4:0.

Предлог тип: 1-1 & 2-5 (2.05)

 

6747 Словачка – БиХ (20.45 часот)

Босна и Херцеговина победнички ги започна квалификациите за ЕП 2024. Во првиот официјален натпревар под водство на новиот селектор Фарук Хаџибегиќ, БиХ славеше со 3:0 против Исланд. Словачка на стартот од квалификациите против Луксембург и се наоѓа во серија од шест натпревари без победа. Словачка и БиХ досега играле три пати меѓу себе, два пати во квалификации за СП и славеа по еднаш, додека првиот дуел беше пријателски и славеше Босна и Херцеговина.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.77)

 

6748 Малта – Италија (20.45 часот)

Италија загуби во дербито против Англија на стартот од квалификациите и вечерва е апсолутен фаворит против Малта која пак во четвртокот загуби од Македонија во Скопје со 2:1. Селекторот Роберто Манчини иако ја освои титулата на последното ЕП, со неуспехот во баражот за пласман на СП кога беше елиминиран од Македонија, и поразот од Англија, почна да чувствува се поголем притисок за да оствари добар резултат. Аѕурите победија на сите меѓусебни натпревари, а се очекува вечерва бесот да го искалат токму врз Малта.

Предлог тип: 2-2 & 3-6 (1.99)

 

6750 Северна Ирска – Финска (20.45 часот)

Северна Ирска со 2:0 го победи Сан Марино во првото коло, додека Финска загуби од Данска со 3:1. Северна Ирска е репрезентација која не игра ефикасни натпревари во квалификации за ЕП или за СП и во последниот квалификациски циклус за пласман на Мундијалот во Катар, само на еден натпревар беа постигнати повеќе од три гола, а дури три завршија 0:0 и на сите три беше домаќин. Северна Ирска и Финска досега оиграле пет натпревари меѓу себе, но последниот беше во 2015 година и заврши без победник 1:1.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.86)

- Оглас -

Најнови вести