Англија испиша историја, Кејн застана рамо до рамо со Чарлтон

Англија со синоќешната победа од 2:1 над Швајцарија ја продолжи неверојатната серија без пораз во сите натпреварувања. Гордиот Албио губеше со 0:1 на „Вембли“, но успеа не само да израмни, туку на крајот и да се израдува на победа.

Ова е 21-ви меч во низа на кој Англија не губи, нешто што никогаш претходно се нема случено на оваа селекција која има тривековна традиција.

Хари Кејн со гол од пенал донесе триумф на Англија, а напаѓачот успеа да го стигне легендарниот Боби Чарлтон по бројот на погодоци во националниот тим. Кејн и Чарлтон сега имаат по 49 погодоци за Англија и само Вејн Руни со 53 гола е пред нив на вечната листа.

Кејн ќе има шанса да го стигне рекордот на Руни и тоа на Светското првенство во Катар. Англискиот голгетер на Мундијалот пред четири години во Русија беше најдобар стрелец со шест погодоци, па сега ако го повтори тој биланс, ќе биде и најдобар голгетер во историјата на Гордиот Албион.

- Оглас -

Најнови вести