Англија ќе има шест претставници во Лигата на шампионите!?

Англиската Премиер лига би можела да влезе во историјата со дури шест претставници во Лигата на шампионите за сезоната 2025/26, благодарение на новиот формат на натпреварување и добриот УЕФА коефициент.

Од оваа сезона, Лигата на шампионите е проширена од 32 на 36 клубови, а две дополнителни места се доделуваат на најуспешните национални лиги според сезонскиот коефициент. Оваа година, тоа се Англија и Шпанија – секоја со по пет сигурни места.


Но, ситуацијата со Англија оди уште понатаму.

Причината е што освојувачот на Лига Европа обезбедува директен пласман во Лигата на шампионите, а Манчестер јунајтед и Тотенхем, иако лошо пласирани во Премиер лигата (14. и 16. место), се главни фаворити за освојување на трофејот.


Јунајтед веќе победи со 0-3 на гости кај Атлетик Билбао во првиот полуфинален натпревар, додека Тотенхем славеше со 3-1 против Бодо/Глимт.

Ако некој од нив ја освои Лига Европа, а ниту еден не заврши во првите пет места во Премиер лигата, Англија ќе добие шест екипи во Лигата на шампионите – пет преку лигашки пласман, плус победникот на Лига Европа.

Финалето на Лига Европа се игра на 21 мај во Билбао, а според досегашната форма, навистина би било сензација ако таму не се сретнат Манчестер јунајтед и Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести