Англија може да го добие најслабиот премиерлигаш во историјата

Една четвртина од натпреварите во англиската Премиер лига се одиграа, а останува впечатливо тоа колку лошо котираат последните две екипи. Норвич е на дното на табелата само со два бода, додека Њукасл исто така нема ниту една победа и досега Чавките освоија само четири бодови.

Ако се гледаат овие биланси, јасно е дека можно е да се случи оваа сезона да го добиеме најлошиот премиерлигаш во историјата, епитет кој сега го држи Дерби каунти од сезоната 2007/08. Пред 14 сезони, Дерби во 38 одиграни кола заврши само со 11 освоени бодови. На оваа листа на најслаби премиерлигаши зад Дерби следуваат Сандерленд со 15 освоени бодови во сезоната 2005/06 и Хадерсфилд со 16 бодови во сезоната 2018/19.

По првите 10 кола оваа сезона, Норвич освои само два бода, и тоа благодарение на нерешените резултати против Брајтон и Барнли. Досега најслабиот тим даде само три гола, а прими дури 25 погодоци. Интересно е дека Дерби во сезоната кога го постави неславиот рекорд, по 10 меча имаше освоено шест бода, односно четири повеќе од тоа што сега има Норвич.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести