Англија може да ја чека пекол во осминафиналето, но ако помине, има отворен пат до финалето

Повторно Англија е главен фаворит за титулата на ЕВРО 2024, со мала предност пред Германија, Франција и Шпанија, а причината за ова е најлесниот пат кој го има Гордиот Албион до евентуалното финале.

Ако групната фаза завршеше синоќа, паровите за осминафиналето ќе беа Шпанија – Словачка, Германија – Данска, Португалија – Унгарија, Франција – Романија, Белгија – Словенија, Австрија – Турција, Англија – Холандија и Швајцарија – Италија.

Во реалноста, само два пара се сигурни: Германија – Данска и Швајцарија – Италија, другите шест ќе се знаат вечерва.

Кога ќе се погледне костурот, јасно е дека левата страна е многу посилна, и дека можни се четвртфиналиња Франција – Португалија и Шпанија – Германија. На другата половина, Англија би имала многу тешко осминафинале со Лалињата, но ако помине, има релативно отворен пат и четвртфинале со Италија и полуфинале со некој од Белгија, Австрија, Турција, Словенија.

- Оглас -

Најнови вести