Англија на пенали се радуваше против Швајцарија (Видео)

Репрезентацијата на Англија се пласираше во полуфиналето на Европското првенство, откако дури по подобро изведување на пенали ја елиминираше Швајцарија. Во полуфиналето, Гордиот Албион ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Холандија и Турција кој се игра вечерва.

Во пенал рулетот, Англија прва шутираше и еве како се движеше пенал-серијата:

Палмер погоди за 1:0 за Англија

Аканџи шутира, Пикфорд брани

Белингам погоди за 2:0 за Англија

Шер погоди за 2:1

Сака погоди за 3:1 за Англија

Шаќири погоди за 3:2

Тонеј погоди за 4:2 за Англија.

Абдуни погоди за 4:3

Александер-Арнолд погоди за 5:3 и победа на Англија.

Во регуларниот дел, Швајцарија прва даде гол преку Емболо во 75 минута, а израмни Сака во 80 минута. Тие два гола може да ги видите ТУКА.

Пенал драмата и како беа изведени сите шутеви од белата точка може да видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести