Англија на поправен испит, Романците по бодови за полуфинале

Англија У-21 – Романија У-21 (18.30 часот)

Англичаните се една од најсилните селекции на планетата и се еден од фаворитите на младинското европско првенство, но со реми или со пораз денеска можат и да испаднат само по два меча во фазата по групи.

Системот на ЕП до 21 година со еден збор е суров и нема простор за ниту еден кикс, а Англичаните веќе направија еден во екстра тешката група со Франција, Романија и Хрватска.

Селекторот Ејди Ботројд има голем избор на играчи, голем дел од нив веќе познати фудбалери од Премиер лигата, а Англија во последно време има одлични резултати во младинските категории. И денеска се фаворити, а се очекуваат промени во составот што загуби од Франција на стартот со 1:2.

Шанса да игра од почеток сигурно ќе добие Калверт-Левин од Евертон и веројатно и Теми Абрахам, член на Челзи, позајмен на Астон вила. Нападот на Англичаните на првиот меч беше јалов, а поразот од Франција заслужен. Нема да имаат лесна задача ниту денеска, особено ако Романија одигра како против Хрватска.

Избраниците на Мирел Радои одиграа блескав меч и ги декласираа Коцкестите со 4:1. Особено се истакна Георге Пушкаш, соиграчот на Несторовски и Трајковски од Палермо, и Јанис Хаџи, кој ја наследи десетката во репрезентацијата од неговиот татко и легенда на светскиот фудбал Георге Хаџи.

Романците имаа тешка група и во квалификациите и го освоија првото место пред Португалија, БиХ, Велс и Швајцарија, што е подвиг за респект. Играат одлично, но ќе имаат мака со Англичаните, селекција што никогаш не ја победиле во конкуренција за играчи до 21 година.

Предлог тип: Т1 1+& T1 2+ (2.05)

 

Франција У-21 – Хрватска У-21 (21 часот)

Хрватите изгледаа немоќно против Романија, иако имаат играчи од калибарот на Влашиќ, Халиловиќ, Брекало… кои се веќе искусни и играат стандардно во европските лиги, и тоа силни.

Имаше многу критики за селекторот Ненад Грачан и навистина Коцкестите одиграа многу лош меч на стартот. Денеска ќе имаат нов и уште потежок предизвик да ѝ се спротивстават на Франција, селекција која е еден од главните фаворити и за титулата.

Проблем за Риполи, селекторот на младите „триколори“, е повредата на напаѓачот Бамба, но можно е тој да игра против Хрватите во меч што е многу важен за двете селекции. На ЕП само победниците во трите групи и најдобрата второпласирана репрезентација ќе играат полуфинале, па секој гол и бод е од исклучително значење.

Предност имаат Французите, кои се во подем и имаат поголеми шанси за победа против Хрватска, а ќе типуваме на голови бидејќи простор за калкулации нема.

Предлог тип: 1+I&2+II (2.60)

 

Еквадор – Чиле (01 часот)

Еквадор настрада во првото коло во дуелот против Уругвај и загуби неочекувано лесно и убедливо со 0:4, па ќе мора да остане непоразен против актуелниот шампион на Јужна Америка ако сака да ги продолжи натпреварите на Копа Америка.

Еквадор очекува многу од дуото Валенсија, Енер и Антонио, но и двајцата потфрлија на дуелот со најтрофејната репрезентација во историјата на Копа Америка.

Чиле ја прегази подмладената селекција на Јапонија со 4:0 и потврди дека е кандидат за хет-трик, откако ги освои титулите на двете претходни изданија. Проблем за нив може да биде повредата на Артуро Видал, кој беше заменет поради повреда на првиот меч.

За Чиле е добро што клучниот играч Алексис Санчес покажа дека е во добра форма, постигна и гол и ако тој продолжи во добар ритам, шампионот ќе биде незгоден ривал за сите на турнирот.

Предлог тип: Х2&2-4 гола (2.10)

 

Египет – Зимбабве (22 часот)

Вечерва со мечот меѓу домаќинот Египет и Зимбабве почнува Африканскиот куп на нации, а фаворити се популарните Фараони. Предводени од Мохамед Салах, домаќините ќе ја имаат поддршката на околу 75 илјади гледачи, колку што е капацитетот на националната арена во Каиро.

Египет има големи амбиции и сака со осма титула да го подобри рекордот што го има во сопственост по бројот на трофеи во Африка.

Зимбабве нема познати асови, ќе се обиде веројатно да се брани и на контранапади да го изненади домаќинот и фаворит, но Египет има навистина силна селекција и е голем фаворит за стартна победа во премиерниот меч на шампионатот.

Предлог тип: 1-1&2+ (2.10)

 

Талина Калев – Флора Талин (18.30 часот)

Флора ги загуби двата дерби-натпревари, и тоа на домашен терен против Номе Калју и со Левадија, но и покрај сè остана на врвот со два, односно шест бода повеќе од овие две екипи.

Лидерот е само еден од двата клуба заедно со Транс Нарва што немаат испаднато од формирањето на популарната Мејстрил лига, или најдобрата естонска фудбалска лига.

Флора е формирана како клуб во 1990 година, а веќе нанижа неверојатни 11 титули во Естонија и е една од најтрофејните екипи.

Талина има долга традиција на постоење, почна како фудбалски клуб Метеор во 1909 година, потоа се преименува во ФК Калев, а играше и во лигите на СССР, но во Естонија нема позначителни успеси. Од лани е член на Првата лига и според тоа како играат, лесно може да се случи по кус престој да се вратат назад во понизок ранг на натпревари. Само со 9 бода од 16 мечеви Талина го дели последното место со Марду и ќе бие тешка битка за опстанок.

Најлошо од сè за нив е билансот за Рипли против Флора и 30 меѓусебни дуели без ниту една победа, што е една од најцрните серии во европскиот фудбал. Загубија со 0:6 во мај годинава од Флора, а нема да биде чудно ако повторно претрпат катастрофа.

Предлог тип: 5+ (2.28)

 

- Оглас -

Најнови вести