Пред повеќе од 10 години, Џејми Варди беше фудбалерот во Англија кој покажа дека со многу работа и желба може да се стигне од аматерско ниво до репрезентативниот дрес, но и до титулата во Премиер лигата.
Сега, се појавува „новиот Џејми Варди“ и тоа во ликот на Џек Тејбор. Се работи за фудбалер кој во претходните две сезони постигна повеќе од 120 голови. Овие нереални бројки на постигнати голови, на Тејбор му донесоа трансфер во еден поранешен премиерлигаш, а скокна дури пет лигашки скалила.
До минатата недела, Тејбор играше за деветолигашот Амершам Таун, а сега потпиша за тимот на некогашниот премиерлигаш Свиндон, кој игра во четвртата лига. Со овој трансфер, Табор за прв пат стана професионалец, а има 22 години.
Тејбор досега секогаш играл за аматерски екипи како што се Кроли Грин, Рејнерс Лејн, Харпенден и Нортвуд. Тој беше платен од 15 фунти по натпревар, до 10 фунти по освоен поен, додека играше бесплатно во Рејнерс. Претседателот му даваше само неколку фунти откако ќе постигнеше хет-трик.
Брилијантната сезона во Рејнерс во Лига 10, во која постигна 46 гола во само 25 натпревари, му донесе трансфер во Амершам Таун.
Договорот со Тејбор го потпишаа во вински бар во Лондон, кој е спонзор на клубот. Џек го потпишуваше договорот, а менаџерот Стјуарт Аткинс стоеше зад него, додека шише шампањ беше на масата. Не само тоа, туку Тејбор доби сосема поинаков договор од остатокот од тимот. Во овие редови, играчите потпишуваат договор од типот „недоговорна форма“, според кој се платени само по одигран натпревар и се слободни да го напуштат клубот во секое време. Џек доби договор каде што беше платен неделно, без разлика дали играше тој викенд или не.
🚨 ANNOUNCEMENT 🚨
Amersham Town are delighted to announce Jake Tabor has signed a 2 year deal with the club.
Jake has scored 29 Goals & got 7 Assists in only 13 appearances !
Manager Stuart Atkins is thrilled to secure the services of Jake for two seasons. pic.twitter.com/6x3sVFzPwO
— Amersham Town FC (@AmershamTownFC) September 30, 2023
Амершам ја заврши сезоната 2023/24 како шампион со 111 бода и 155 постигнати голови, а Џек Тејбор постигна неверојатни 76 голови во првенството. Оттогаш е на мета на клубови кои се професионални, а сега Тејбор ќе ја започне првата сезона како професионалец.