Англија нè поттурна, па сами си ја завршивме работата

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 19 години се пласираше во елитната фаза квалификации за Европското првенство кое ќе се одржи во 2021 година.

Избраниците на селекторот Горан Станиќ го совладаа Луксембург со 3-0, а во вториот меч од групата која се играше во Скопје, Англија ја совлада Босна и Херцеговина со 4-1. Токму вакви резултати ни беа потребни за освојување на втората позиција и место во главните квалификации.

Македонските фудбалери бркаа шеста гол разлика, што не беше лесно, но нашата победа од три гола разлика, плус англискиот триумф од плус три, ни завршија работа. Тошевски, Воша и Мурати беа стрелци на головите за Македонија во победата над Луксембург. Но, оваа победа немаше да биде доволна ако Англија победеше со потесен резултат. При 0-0, Англија даде два гола за 2-0 и им даде мотив на македонските јуниори да нападнат против незгодниот Луксембург кој играше добро во првиот половина час.

 

- Оглас -

Најнови вести