Англија одбележува 34 години од најголемата спортско-навивачка трагедија

Денеска се навршуваат 34 години од најголемата спортска трагедија во историјата на на Велика Британија. На 15-ти април 1989 година на стадионот „Хилзборо“ починаа 97 навивачи на Ливерпул, од кои 94 на самиот стадион, двајца нешто подоцна во болница, а еден дури лани им подлегна на повредите здобиени таму.

Што се случи на тој црн ден? Шест минути по почетокот на полуфиналето на ФА купот помеѓу Нотингем Форест и Ливерпул, средбата беше прекината откако голем дел од фановите на Црвените беа притиснати во оградата на трибината зад голот. Многумина ја скокнаа оградата и влегоа на терен, но за речиси 100 мажи, жени и деца, беше предоцна.

После оваа трагедија, во Велика Британија се воведени жестоки мерки за сигурност на стадионите, и беа тргнати оградите, а се укина и стоењето, задолжителни станаа местата за седење.

Првично, вината за катастрофата беше префрлена кај навивачите на Ливерпул, кои ја преполнија трибината, но години подоцна, стана јасно дека вината е кај полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести