Англија пак ќе биде домаќин на ЕП, сега со цела Британија во 2028 година и нема противкандидати

Велика Британија повторно се подготвува да биде домаќин на Европско првенство во фудбал, а сите пет земји на Островот, Англија, Северна и Република Ирска, Шкотска и Велс ја информираа УЕФА дека се заинтересирани за организација на шампионатот во 2028 година.

Првичните најави и контакти се остварени и Британците сакаат да бидат домаќини на турнирот на најдобрите 32 европски репрезентации за шест години.

Тоа ќе биде прво првенство на Стариот Континент со нов формат, проширен од 24 на 32 земји што ќе играат за европската круна.

Ланското лето Англија и Шкотска беа коорганизатори на ЕП кое се играше на 11 стадиони во Европа.

Шкотите организираа натпревари на „Хемпден парк“ во Глазгов, а Англија беше домаќин и на двете полуфиналиња и на финалето на „Вембли“, што го загубија од Италија на пенали.

Интересно е што засега нема противкандидати за организација на ЕП 2028, па ако понудата на Велика Британија стане и формална, петте земји речиси сигурно ќе им бидат домаќини на најдобрите европски селекции за шест години.

Проширувањето од 24 на 32 селекции е добредојдено и за Македонија, па растат шансите за настап на ново Европско првенство.

Лани летото за првпат игравме на Европско првенство, ќе учествуваме и во квалификкации за следното во 2024 година во Германија, па ако и таму се пласираме, ќе можеме да направиме хет-трик во 2028 година со нов настап на ЕП.

 

- Оглас -

Најнови вести