Англија победи, но селекторот Тухел е премногу разочаран

Селекторот на Англија, Томас Тухел не го криеше разочарувањето, иако неговата репрезентација победи на гостувањето кај Андора, во меч од квалификациите за СП 2026. Англија победи само со 1:0 против еден од најголемите аутсајдери во Европа и е на 173 место на ФИФА листата.

„Можеме само да признаеме дека ова не е она што го очекувавме. Треба детално да го анализираме мечот и да играме подобро во вторник. Го изгубивме целиот моментум по првите 25 минути и ни недостасуваше квалитет и енергија. Најмногу се грижев во последните 20 минути, не ми се допадна ставот со кој го завршивме натпреварот. На крајот на краиштата, ова е квалификациски натпревар за Светското првенство и игравме на гости“, рече Германецот.

- Оглас -

Најнови вести