Англија победи со 20:0 и сруши рекорд во квалификации за СП

Женската фудбалска репрезентација на Англија со неверојатни 20:0 ја победи Летонија, во меч од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година. Со овој триумф Гордиот Албион постави нов рекорд за највисока победа во едни мундијалски квалификации.

Гол-шоуто на Англија започна уште во третата минута, а до крајот на првото полувреме домаќините водеа со 8:0. Во вториот дел фаворитот беше уште поубедлив и даде дури 12 погодоци за конечни 20:0.

Дури четири фудбалерки постигнаа хет-трик во оваа историска победа.

Англија и Летонија се во иста група во која е и Македонија. Англичанките се први со шест победи во шест меча и гол-разлика од 53 дадени и ниту еден примен гол. Летонија е последна со пет порази во пет средби и гол-разлика од само два дадени и дури 46 примени гола.

- Оглас -

Најнови вести