Селекцијата на Англија славеше со 2:0 против Малта и со 19 бода го завери првото место во групата Ц. Првиот гол беше автогол на Пепе во осмата минута, а Хари Кејн во вториот дел го постави конечниот резултат.
Данска во директен дуел со Словенија славеше со 2:1 и на едно коло пред крајот на квалификациите си обезбеди пласман на ЕП кое идната година ќе се игра во Германија.
Меле во 26-та минута и донесе водство на Данска, но само четири минути подоцна Јанжа со голот од слободен удар ја врати неизвесноста. Победата и пласманот на Данска на ЕП го обезбеди Дилејни со голот во 54-та минута.
Пред пласман на ЕП е и Словенија на која во последното коло и е потребен само еден бод во дуелот со директниот конкурент за второто место на табелата во групата Ф, селекцијата на Казахстан.
Во групата Х, Чешка и Полска одиграа 1:1 со што Полска ги заврши квалификациите на третото место и шансата за пласман на ЕП ќе ја бара преку баражот во Лигата на нации.
Пјотровски и донесе водство на Полска во првото полувреме, но Соучек во вториот дел погоди за конечни 1:1.
Во последното коло, Чешка и Молдавија во директен дуел ќе го дадат вториот патник од оваа група, покрај Албанија, која ќе обезбеди директен пласман на ЕП.
Резултати
Група Ц
Англија – Малта 2:0
Италија – Македонија 4:2
Табела: Англија 19, Италија 13, Украина 13, Македонија 7, Малта 0.
Група Е
Молдавија – Албанија 1:1
Полска – Чешка 1:1
Табела: Албанија 14, Чешка 12, Полска 11, Молдавија 10, Фарски Острови 1.
Група Х
Казахстан – Сан Марино 3:1
Финска – Северна Ирска 4:0
Данска – Словенија 2:1
Табела: Данска 22, Словенија 19, Казахстан 18, Финска 15, Северна Ирска 6, Сан Марино 0.