Англија и Швајцарија играат 1:1 по регуларните 90 минути на мечот од четвртфиналето од Европското првенство, па ќе мора да се играат продолженија. Откако во првото полувреме немаше речиси никакви возбудувања, во второто полувреме имаше по еден погодок на двете страни.
Швајцарија прва погоди и тоа преку Емболо, но Англија не се предаде.
За Англија веќе станува пракса да се спасува, затоа што Гордиот Албион и против Словачка во претходната фаза губеше со 0:1, па со гол во 90+5 минута стигна до 1:1, за да потоа во продолженијата да се радува.
Овојпат не се чекаше до 90+ минута, затоа што Сака со прекрасен шут од 20-тина метри израмни на 1:1 во 80 минута.