Англија со чудесен пресврт се спаси од бездната и ја елиминираше Словачка (Видео)

Англија со 2:1 ја елиминираше Словачка во драматичното осминафинале на Европското првенство. Неверојатен тек имаше овој меч, кој на крајот има среќен крај за Гордиот Албион.

Словачка прва даде гол. Во 25 минута Иван Шранц со негвоиот трет погодок на турнирот донесе изненадувачка предност за аутсајдерот.

Одлично се бранеше Словачка речиси целиот меч. Помина и 90 минута кога судијата покажа дека треба да се играат дополнителни шест минути продолжение. Во петата минута, Џуд Белингам се покажа како спасител на Англија, откако на атрактивен начин со „ножички“ погоди за 1:1. Тоа беше гол кој ја спаси Англија од пораз и најави дека ќе се играат дополнителни 30 минути.

Само што започна продолжението, Англија во првиот напад повторно се израдува. Само 50 секунди ба потребни за Хари Кејн со даде гол за 2:1, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Во четвртфиналето Англија ќе игра против Швајцарија која вчера го елиминираше актуелниот првак Италија.

- Оглас -

Најнови вести