Англија веќе обезбеди место на СП, Кејн постави рекорд кој тешко ќе биде урнат

Англија безмилосно го гази Сан Марино со 6-0 по првото полувреме и со оваа вечерашна преубедлива победа која е во најава, Гордиот Албион и теоретски ќе обезбеди место на СП, додека Полска ќе игра бараж.

Гол-шоуто против најслабиот национален тим во Европа го отвори Мегваер, следуваше автогол, а потоа Хари Кејн даде дури четири гола, од кои два од пенал.

Кејн на два меча по ред прави хет-трик во дресот на Англија, а тој урна и историски рекорд по бројот на голови во една календарска година. Ниту еден играч во богатата и долга историја на англиската селекција не дал повеќе од 12 гола во една година, а Кејн засега има 16.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести