Англија во шок, навивачите на Евертон тргнаа да ги тепаат сопствените фудбалери (Видео)

Колевката на фудбалот, Англија, која беше последниот бастион на навивачкото витештво, вечерва падна „благодарение“ на навивачите на Евертон.

Поразот на Карамелите на гостувањето кај Борнмут од 3:0, ја прели чашата кај навивачите и тие по последниот свиреж на судијата се обидоа да влезат на теренот и да се пресметаат со сопствените фудбалери.

 

Фановите на Евертон се гневни на своите миленици кои го доживеаја петтиот пораз во последните мечеви, а тоа најдобро го покажаа кога експресно го вратија дресот што Алекс Ивоби го фрли на трибините, а само благодарение на брзата реакција на обезбедувањето беше спречено влегување на теренот на неколку навивачи на Карамелите кои сакаа физички да се пресметаат со фудбалерите.

 

 

- Оглас -

Најнови вести