Оваа сезона во Лига на шампиони за прв пат имаше дури 36 екипи. Новиот формат донесе нови возбудувања. Сите 36 екипи беа во една лига. најдобрите осум директно обезбедија место во осминафиналето, екипите од 9 до 24 место играа во плејофот за пласман во осминафиналето, а за оние кои беа од 25 до 36 место на табелата, заврши настапот во Лига на шампиони.
Интересно е дека за следната сезона може да се случи Англија да има дури седум екипи во Лига на шампиони. Англија заедно со Италија моментално имаат најдобри коефициенти во клупското рангирање на УЕФА, што значи дека покрај загарантираните четири места, ќе добијат плус уште еден преставник во елитното натпреварување.
Моментално на првите пет места во Премиер лигата се Ливерпул, Арсенал, Нотингем Форест, Челзи и Манчестер сити. Тоа значи дека Англија има сигурни пет места во ЛШ за сезона 2025/26, но таа бројка може да стигне и до седум екипи.
Тоа е така доколку Астон вила по некое чудо ја освои Лига на шампиони, тимот од Бирмингем ќе игра и следната сезона во елитното друштво Астон вила е дел од четвртфиналето каде ќе игра против Пари Сен Жермен.
Со свои шанси за настап во Лига на шампиони се и Манчестер јунајтед и Тотенхем кои се дел од Лига на Европа. Доколку една од овие две екипи ја освојат Лига на Европа, автоматски ќе обезбедат место во Лига на шампиони за следна сезона.
Тоа значи дека освен сигурните пет места, Англија може да добие допол ителни преставници и во ЛШ ако Астон вила е европски првак и ако Манчестер јунајтед или Тотенхем ја освојата Лига на Европа. Манчестер во четвртфиналето на ЛЕ ќе игра против Олимпик Лион, а Тотенхем за ривал го има Ајнтрахт Франкфурт.