13.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Англија води, но традицијата вели дека Украина ќе оди во полуфинале

Со гол на капитенот Хари Кејн по убава асистенција на Рахим Стерлинг, Англија води со 1-0 по првото полувреме на последното четвртфинале на Европското првенство во фудбал. На мечот во Рим, голот падна после 213 секунди игра, а според традицијата, тоа што Гордиот Албион даде гол толку рано, не е баш добро за нив.

Англија на европските првенства пет пати давала гол во првите пет минути од мечевите, и никогаш не победила. Имале три порази и две ремија, а кога дале гол толку рано и играле нерешено (со Португалија во 2004 и со Германија во 1996 година), испаѓале на пенали.

Сепак, пред Украинците кои се некомплетни (Малиновски поради повреда не е ни на клупа, а направија принудна измена во првото полувреме), е многу тешка задача. Англија над 600 минути нема примено гол.

- Оглас -

Најнови вести