Англија е на прагот да го продолжи перфектниот ефект во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година затоа што води со 1:0 по првиот дел на „Вембли“ против Србија. Бакајо Сака во 28-мата минута го постигна погодокот со кој води Гордиот Албион, додека на Србија во вториот дел ѝ останува да се обиде да ја анулира оваа негатива.
Андора на свој терен игра без голови против Албанија по првите 45 минути, а интересно е во Даблин, каде што Република Ирска има предност од 2:0 против фаворизираната Португалија.
По првото полувреме нема голови на дуелите Франција – Украина и Молдавија – Италија.

