28.8 C
Skopje
понеделник, 28 јули 2025

Англија втор пат по ред е европски првак во женска конкуренција

Женската фудбалска репрезентација на Англија ја одбрани европската титула, откако вечерва во финалето против Шпанија, на пенали ја совлада Црвената фурија со 3-1, а по 120 минути игра беше 1-1.

Финалето играно во Базел потврди дека ова се двете најдобри европски селекции во моментов, а на крај пресудија искуството и нервите на Англичанките кои го утнаа пеналот во првата серија и тоа повторен, но Шпанија врза три утки од втората до четвртата серија што беше кобно за нив.

Клои Кели го погоди решавачкиот пенал, а таа беше јунак и пред три години кога Англичанките за првпат се искачија на европскиот трон.

После мечот се разбира имаше солзи на двете страни, едните од радост, другите плачеа од тага.

- Оглас -

Најнови вести