Џорџ Коен почина на 83-годишна возраст, а Англија жали за својата легенда и заменик капитен на златната генерација фудбалери, кои и ја донесоа единствената светска круна со триумф на Мундијалот во 1966 година.
Коен беше заменик капитен на финалниот меч на „Вембли“ кога Англија ја победи Западна Германија со 4:2 и го освои досега единствениот пехар на Светските првенства.
Коен има одиграно 37 натпревари за Гордио Албион, а беше учесник на најважниот во историјата на земјата што ја нарекуваат колевка на фудбалот.
Целата кариера ја мина во еден клуб, во Фулам од 1956 до 1969 и одигра 459 натпревари за клубот од Лондон.