0.8 C
Skopje
понеделник, 2 февруари 2026

Англиска доминација каква што не е видена, португалските екипи се изненадување

По завршувањето на лигашкиот дел од Лигта на шампионите јасно е дека англиските екипи се тие кои доминираа. Тоа е единствената земја која има шест преставника во елитното натпреварување, а според резулатите кои ги остварија екипите, се покажува дека сосема заслужено се најбројни.

По одигрувањето на осумте кола и финализирањето на табелата, неверојатно, но вистинито е дека дури пет екипи од Премиер лигата се најдоа меѓу најдобрите осум и директено обезбедија место во осминафиналето.

Арсенал е перфектен со сите осум победи и 24 бода, а потоа следуваат и Ливерпул со 18 бода на третото место, па Тотенхем со 17 бода и Челзи и Манчестер сити со по 16 бода. Единствено Њукасл не успеа директно да обезбеди место во осминафиналето, а малку фалеше затоа што заврши со 14 бода на 12-тата позиција.

Со овие резултати речиси уште од сега е јасно дека Англија и во следната сезона ќе добие дополнително место во ЛШ. Според праксата на УЕФА, двете земји кои имаат најдобри резултати и успеси во тековната сезона, за следната сезона добиваат уште едно екстра место во елитното натпреварување.

Досега, во просек англиските екипи освојуваат по 2,19 поени по меч и се убедливо пред сите. Изненадување е дека на второто место на оваа листа е Португалија која ги има Спортинг и Бенфика, кои во просек освојуваа 1,56 бодови по меч. Португалците зад себе засега ги оставија екипите од Серија А, Бундеслигата, Лига 1 во Франција и Примера дивисион од Шпанија.

Дури според освоените УЕФА коефициенти, Португалија е веднаш зад неприкосновената Англија. Премиерлигашите имаат 20.959 бодa, Португалија е втора со 16.600, а потоа следуваат Германија со 16.214, Шпанија со 15.531 и Италија со 15.502 бода.

Засега Англија и Португалија се земјите кои би добиле дополнително место во ЛШ за следната сезона, но сепак има уште многу да се игра од оваа сезона, допрва треба да почнат возбудувањата во нокаут-фазата и сигурно ќе има промени во освоените бодови.

- Оглас -

Најнови вести