Англиски класик со пеколно темпо – Рашфорд и Нкетија ја тресеа мрежата, Арсенал и Манчестер ј. бијат голема битка за победа (Видео)

Арсенал и Манчестер јунајтед играат вистински фудбалски класик, а во дербито на 21. коло во Англија резултатот е 1:1 по првото полувреме.

Во пеколно темпо Маркус Рашфорд прв ја тресеше мрежата на „Емирејтс“ во Лондон, а постигна прекрасен гол во 17. минута на асистенција на Бруно Фернандеш и Црвените ѓаволи поведоа со 1:0 како гости.

https://twitter.com/unitedclip/status/1617202679415013376?s=20&t=GoPslusifvVnBOcEj4e5Bw

Арсенал доминираше во поле, а иницијативата ја круниса Еди Нкетија со гол за израмнување во 24. минута по одличниот центаршут на Гранит Џака.

И двете екипи имаа уште шанси за голови, но мрежите на дербито се тресеа само по еднаш.

Мечот е многу важен во битката за титулата во која се вклучени четири тима, покрај лидерот Арсенал и третопласираниот Манчестер јунајтед во игра се и вториот на табелата Манчестер сити и четвртопласираниот Њукасл.

 

- Оглас -

Најнови вести