Англиска новинарка им удри шлаканица на ФИФА и на организаторот, го направи тоа што Хари Кејн како капитен не смееше (Фото)

Англиската новинарка Алекс Скот го направи тоа што не смееја да го сторат во Фудбалската федерација на Англија (ФА) и капитенот Хари Кејн и на левата рака носеше капитенска лента во боите на виножитото како поддршка за ЛГБТ заедницата.

Заканите на ФИФА кон фудбалските федерации кои имаа слична идеја вродија со плод, па денеска капитенот на Англија, Хари Кејн, не ја носеше капитенската лента во боите на виножитото „Оне лав“ иако претходно најавуваше дека ништо нема да го спречи во неговата намера.

ФИФА им порача на сите репрезентации дека секој капитен веднаш ќе добие жолт картон доколку се појави со лента околу раката со која ѝ се искажува поддршка на заедницата која катарските власите не ја признаваат.

Но, новинарката на Би-би-си, Алекс Скот, им одржа лекција на сите и во јавувањето во живо ја носеше капитенската лента „Оне лав“.

Очекува да се види дали ФИФА ќе реагира под притисок на катарските власти и ќе покаже дека е слепа за слободата на говор и на избор за кои се залага, освен кога Мундијалот се одржува во Катар.

- Оглас -

Најнови вести