Изненадувачкиот гол на Вилсон во деветтата минута ги налути избраниците на Јирген Клоп, па за само осум минути Црвените го свртеа резултатот на 2-1 во своја корист со погодоците на Мо Салах и Садио Мане.
Кардиналната грешка на Симпсон беше подарок за домаќините кој го искористи Фараонот во 25-тата минута, а по нешто повеќе по половина час игра и Мане се запиша во листата стрелци.
Инаку, за Египѓанецот ова е осми погодок во шест меча против Црешите, додека по 100 лигашки натпревари во дресот на Ливерпул стигна до цифрата од 70 погодоци и е најбрз играч на тимот од „Енфилд“ кој стигнал до овој учинок.
https://twitter.com/RainingGoals/status/1236274334940844032
https://twitter.com/RainingGoals/status/1236276403571535873