Англиската ФА го казни Нотингам форест со дури 900.000 евра – за објава на социјалните мрежи!

Англискиот премиерлигаш Нотингам Форест е казнет со дури 750.000 фунти (околу 896.000 евра) од Фудбалската асоцијација (ФА) за објава на социјалните мрежи во април.

По поразот на Шумарите од Евертон во време кога овие тимови се бореа за опстанок заедно со Лутон, Форест го критикуваше судијата Стјуарт Атвел кој беше во ВАР собата и со тоа го довела во прашање неговиот интегритет, па затоа клубот доби ваква жестока казна.

„Три крајно лоши одлуки – три недосудени пенали – кои едноставно не можеме да ги прифатиме. Го предупредивме здружението на премиерлигашки судии уште пред натпреварот дека навивач на Лутон е задолжен за ВАР, но тие не го заменија. Нашето трпение е многупати тестирано, ќе ги разгледаме сите опции“.

Независната комисија која го разгледуваше случајот, ја нарече публикацијата „несовесна и неодговорна“, а Форест најави жалба на „разочарувачката“ и „непропорционална“ казна.

Комисијата го забележала и недостатокот на клубот од „искрено извинување“ и „искрено каење“ бидејќи објавата допрва треба да биде отстранета од нивните канали.

Судијата Атвел достави изјава до комисијата, во која детално ги опишува „стресот, вознемиреноста, стравот и срамот“ што му биле предизвикани од објавата. ФА побара од Форест да ја избрише објавата, но клубот не ја повлече.

 

- Оглас -

Најнови вести