Англиската и италијанската класика ќе бидат во центарот на вниманието во новото коло на Спортска прогноза

Може да се прогнозираат натпреварите од третото коло на Спортска прогноза, а најпредизвикувачки за прогнозирање ќе биде дуелот меѓу миланските великани, како и англиската класика меѓу Манчестер јунајтед и Арсенал.

Милан и Интер во сабота од 18 часот ќе ги одмерат силите во новото миланско дерби, Дерби дела Мадонина. Актуелниот првак на Италија ќе го пречека големиот ривал којшто на крајот од минатата сезона до последното коло се надеваше дека ќе може да ја „украде“ титулата.

Во Англија, пак, ден подоцна се среќаваат Манчестер јунајтед и Арсенал (17:30ч.) во меч којшто треба да покаже дали Топчиите навистина се конкуренти за титулата во Премиер лигата. Од друга страна, Црвените ѓаволи по мизерниот почеток на сезоната, сега врзаа две победи по ред, а навивачите го гледаат крајот на тунелот.

За да се добие еден од прекрасните подароци Смарт тв Самсунг 55″ 4К, Xiaomi електричен тротинет или Xbox series Z, покрај миланското дерби, ќе биде потребно да се погодат уште 12 натпревари што ги има во понудата.

Како што е добро познато, доколку некој од прогнозерите има една утка, следува ваучер од Sport Life во вредност од 1000 денари, додека со два промашени натпревари следува ваучер од 500 денари.

За да учествувате во оваа бесплатна игра во режија на СпортМанија и Sport Life, потребно е да иматe SL клуб картичка за којашто можете бесплатно да аплицирате во некој од уплатните објекти на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести