12.8 C
Skopje
понеделник, 10 ноември 2025

Англиската легенда брутално искрена: „Вирц е проблемот на Ливерпул!“

Флоријан Вирц минатото лето се пресели од Баер Леверкузен во Ливерпул за 116 милиони фунти, но на Црвените не им оди според планираното оваа сезона. Англиската легенда Гери Невил беше брутално искрен во својот поткаст и го нападна Германецот.

„Вирц е проблем. Ајде тоа да го кажеме како што е. Тоа е проблем. Тој чини над 100 милиони фунти и, искрено, пред неколку седмици реков дека Керкез изгледа како мало дете на теренот. Сега Вирц изгледаше како мало дете. Тоа не смее да се случува. Веќе со месеци внимаваме што ќе речеме, млад е, ново опкружување, нова земја, но тој чини над 100 милиони. Мораш да се покажеш. Тој очигледно има нешто, одличен техничар е, но денес Матеус Нуљес и останатите буквално го изедоа. Го фрлија на терен. Не покажува квалитет и тоа е голем проблем“, рече Невил.

Ливерпул на последниот меч од Премиер лигата загуби со 3-0 од Манчестер сити и падна на осмата позиција на табелата.

- Оглас -

Најнови вести