Англиската легенда даде над 300 гола, а во кариерата не доби ниеден жолт и црвен картон

Тој е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња во својата земја, сите го памтат по многуте голови кои ги има постигнато, но има еден податок што е помалку познат. Гери Линекер е фудбалерот кој за 16 години играчка кариера нема добиено ниту еден жолт или црвен картон, па затоа го има и епитетот за најголем џентлмен во историјата на фудбалот.

Линекер е играч кој едноставно знаеше да ги намачи противничките фудбалери, многу дефанзивци над него правеа фаули поради кои заработуваа јавни опомени.  Од друга страна, Линекер никогаш во кариерата никој не успеа да го „натера“ да добие жолт или црвен картон.

Точно е дека напаѓачите имаат помалку шанси за добивање картони, ако се знае дека нивна задача не е да се сопре противникот, но во модерниот фудбал има многу офанзивни играчи кои едноставно се склони на добивање црвени и жолти картони, а еден о днајпознатите примери е Диего Коста кој сега игра во Атлетико Мадрид.

Џентлмен во копачки беше еден од прекарите на Линекер, кој кариерата ја започна во Лестер, а потоа играше и за Евертон, Барселона, Тотенхем, за да ја заврши кариерата во јапонска Нагоја. Во клушската кариера одигра 567 меча, а даде 281 погодоци. Покрај клупската кариера, Линекер има и 80 настапи за Англија, а уште е трет стрелец во историјата на Гордиот Албион со 48 погодоци. 

Вкупно во 647 меча даде 329 голови, а не доби ниту еден жолт или црвен картон. Линекер не е единствен кој немал јавна опомена на теренот. Во негово друштво се и играчи како што се Филип Лам, Раул Гонзалес, Микаел Лаудруп, Марко ван Бастен… Сепак еден е Џентлменот во копачки – Гери Линекер.

 

- Оглас -

Најнови вести