Поранешниот англиски репрезентативен напаѓач Вејн Руни многу наскоро ќе се испроба во друг спорт и ќе влезе во рингот. Руни веќе преговара со компанија која организира бокс натпревари и се надева дека многу брзо ќе му се исполни желбата од времето кога беше млад.
Поранешниот напаѓач долго зборуваше дека ќе влезе во рингот, но сега се чини дека е најблиску до такво нешто бидејќи преговорите се во завршна фаза, но сè уште останува непознат неговиот противник. Руни во минатото тренирал дури и бокс, но само аматерски, и тоа паралелно со фудбалот.
Руни по завршувањето на фудбалската кариера, започна да работи и како тренер, но без некој голем успех седеше на клупите на Дерби каунти, ДС јунајтед и Бирмингам.