Англиската легенда му се налути на Халанд: „Тој е кукавица“ (Видео+Фото)

Манчестер сити и Арсенал одиграа нерешено, 2-2, во дербито на Премиер лигата, а Граѓаните се спасија од пораз во 98-мата минута со голот на Стоунс. Малкумина забележаа дека кога Халанд ја земаше топката од мрежата, намерно го удри противничкиот фудбалер, Габриел, во глава, а на тој момент не се сеќава ниту дефанзивецот на Арсенал.

„Не, не се сеќавам на тој момент. Тоа е нормално, им честитам на израмнувањето. Тоа беше вистинска битка, војна. Провокациите се нормални во фудбалот, тие се дел од играта. Сега натпреварот е завршен, ги чекаме кај нас“, рече фудбалерот на Арсенал, Габриел.

Сепак, на поранешниот англиски репрезентативец, Јан Рајт, ваквиот потег на Халанд не му се допадна, па го критикуваше во телевизиската анализа на мечот.

„Халанд го погоди Габриел во глава додека тој не гледаше и беше свртен со грб, тоа е кукавички потег“, рече Рајт.

 

- Оглас -

Најнови вести