22.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Англиската шесторка барала Атлетико да не биде дел од Суперлигата

Новоформираната фудбалска Суперлига први ја напуштија англиските клубови откако под притисок на британската јавност и владата се откажаа само 48 часа по објавувањето на новото натпреварување, а сега еден шпански медиум откри дека двата клуба од Манчестер, трите од Лондон и Ливерпул се обидувале да го исфрлат Атлетико Мадрид од Суперлигата.

Атлетико требаше да биде еден од трите шпански претставници заедно со Барселона и Реал Мадрид. Но, Јорганџиите имаат слаби резултати на социјалните мрежи и тој клуб не привлекува големо внимание и публика надвор од Шпанија, се жалеле шесте премиерлигаши.

Англиските клубови сметаат дека Атлетико најмногу би профитирал од една таква Суперлига. На негово место се обидувале меѓу основачите да ја внесат Севилја, која стоела малку подобро во истражувањата. На крајот и Атлетико се повлече, па во Суперлигата останаа само Реал, Барса и Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести