15.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Англиски четвртолигаш со јака финта ги издрибла ковид-протоколите, фановите може да влезат без пропусници и маски

Англискиот четвртолигаш Карлајл јунајтед смисли добар трик како да ги заобиколи ковид-правилата и на неговиот стадион да може слободно да се влегува без маски и пропусници со доказ за вакцинација.

Овој клуб го намали капацитетот на својот стадион на 9.999 места и сега фановите може да влезат без негативни тестови или ковид-пропусници. Неодамна британската влада усвои закон според кој на секој собир со над 10.000 луѓе, сите мора да имаат ковид-пропусница или негативен корона-тест направен во последните 48 часа.

Стадионот на Карлајл во нормални околности прима 17.949 гледачи.

- Оглас -

Најнови вести