31.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Англиски фудбал цел ден, а на крајот е шлагот со дербито во Лондон

Првиот ден од Новата година нема да биде воопшто досаден за фудбалските љубители. Англичаните се тие кои традициоанлно нудат возбудувања уште на 1 јануари. Според денешната програма во англиското првенство возбудувања ќе има речиси во текот на целиот ден.

Првите мечеви од 2020 година во Премиер лигата ќе се играат меѓу Брајтон и Челзи, односно Барнли – Астон вила, со почеток во 13:30 часот. Според коефициентите Челзи е фаворит на гостувањето, а Барнли треба да ги израдува домашните фанови.

По овие два меча, во 16 часот има нови три дуели. Жозе Мурињо со Тотенхем ќе гостува кај Саутемптон, Вотфорд ќе се обиде да стигне до третата победа по ред на свој терен а овојпат ривали му е Вулверхемптон, додека Лестер иако е гостин, е фаворит за освојување на трите бода против Њукасл.

Три меча ќе има и од 18:30 часот, а најинтересно би требало да биде во Манчестер каде Сити ќе игра против залетаниот Евертон. Норич и Вест хем се благи фаворити за победа во дуелите против Кристал Палас и Борнмут.

Последен меч за денеска е дербито во Лондон, кога од 21 часот ќе играат Арсенал и Манчестер јунајтед. Некогаш овие два клуба се бореа за титулата, а сега се далеку од местата кои се за највисок пласман. Сепак, кога и да играат, возбудувањата не изостануваат, па така треба да биде и вечерва.

Во Квоти на дено во Sport Life за денеска се нудат три меча од Премиер лигата и тоа:

Брајтон – Челзи X2&ГГ (2.15)

Саутемптон – Тотенхем

Т21+I&T2 2+ (2.50)

Арсенал – Манчестер јунајтед

ГГ прво/второ (2.00)

 

- Оглас -

Најнови вести