Англиски шампион ќе му биде соиграч на Елмас

Челзи го пушти Виктор Мозес на позајмица во Фенербахче до крајот на следната сезона, откако нигерискиот репрезентатиец не можеше да се избори за место во тимот на Маурисио Сари. Мозес во следните 18 месеци ќе ги брани боите на турскиот гигант кој во моментов се наоѓа во огромни проблеми, а нашиот репрезентативец Елиф Елмас доби соиграч кој пред извесно време беше шампион на Англија.

28-годишниот крилен играч беше важна алка на Челзи во сезоната 2016/17, кога под водство на Антонио Конте „сините“ ја освоија шампионската титула во Премиер лигата. Тогаш италијанскиот стратег му најде нова позиција на Мозес во неговиот систем 3-4-3, па играше стандардно како десно дефанзивно крило.

Оваа сезона е потполно заборавен од Маурисио Сари, настапи на само шест меча во сите натпреварувања без никаков учинок, па позајмица во Фенербахче се чини како логичен потег за него.

Moзес ќе има шанса за дебитантски настап во дресот на „фенерите“ во понеделник(18 часот), кога на домашен терен Фенербахче ќе го пречека третопласираниот тим на Јени Малатијаспор.

- Оглас -

Најнови вести