ВАР-системот има многу предности и најчесто носи коректни одлуки за да нема кардинални грешки и ситуации на штета на клубовите и репрезентациите, но и има неколку сè уште несфатливи позиции што се чудни и тешко прифатливи за љубителите на фудбалот.
Такво е објаснувањето за контроверзниот гол на Маркус Рашфорд, вчера за 2:0 за Манчестер јунајтед против Ливерпул, во дерби во кое Црвените ѓаволи го победија најголемиот ривал со 2:1.
Англискиот систем на ВАР и лани беше многу критикуван, а и сега со помош на чудното правило на УЕФА објаснува и буквално дека Рашфорд е во офсајд, но голот не е постигнат од офсајд, најмногу поради едно правило на УЕФА од лани.
Тоа вели дека кога во спорната ситуација двајцата играчи се во речиси еднаква позиција, а се однесува на дефанзивецот и напаѓачот, тогаш постои толеранција од пет сантиметри во корист на тој што напаѓа, во ситуацијата вчера во прилог на Рашфорд.
Инаку на смрзната фотографија на која судиите во ВАР-собата и самиот систем повлекуваат линии се гледа дека за нијанса Рашфорд е во офсајд, но според правилото на УЕФА за толеранција од пет сантиметри, тој не се суди.
Чудно објаснување и правило што само уште повеќе ги збунува љубителите на фудбалот и предизвика многу коментари за голот на Рашфорд против Ливерпул.