Англискиот првак матиран за четири минути, Аталанта на пат да го освои „Енфилд“ (видео)

Аталанта е на пат да го изненади големиот Ливерпул среде „Енфилд“ откако поведе со 2-0 со головите на Иличиќ и Госенс на помалку од половина час до крајот на средбата.

Божицата креираше две одлични акции во период од четири минути, по кои топката заврши зад грбот на Алисон. Прво Иличиќ во 60-тата минута заби по нафрлувањето на Гомес, а Госенс веќе во следниот напад донесе двојно водство, па сега Аталанта е блиску до реванширање за дебаклот од 5-0, кој го претрпе во Бергамо во претходното коло.

- Оглас -

Најнови вести