Англискиот шестолигаш се подготвува за најважниот меч во 138-годишната историја

Малиот клуб Шорли во петок ќе го игра најважниот меч во повеќе од 100-годишната историја. Во рамките од четвртото коло во ФА купот, Шорли ќе биде домаќин на премиерлигашот Вулверхемптон.

Шорли е основан во 1883 година и се работи за аматерски клуб, а последниот голем трофеј го има освоено уште на крајот од 19-тиот век, кога во 1899 година стана првак на областа Ланчашир. Во лигашкиот систем на натпреварување, Шорли најголемиот успех го има направено со пласманот во плејофот во Националната лига Север, која е шеста лига според рангот во Англија. Токму во оваа лига Шорли и сега се натпреварува.

Според податоците на „Трансфермаркет“, вредноста на клубот е 450.000 евра, а најскап играч им е Адам Хенли, чија вредност се проценува на 175.000 евра. Во ФА купот, Шорли направи три големи изненадувања. Во првото коло го елиминирапе третолигашот Виган, а потоа „настрада“ уште еден клуб од третата лига, Питерборо.

Во третото коло од најстарото клупско натпреварување во светот, Шорли направи вистинско чудо откако успеа да го елиминира членот на Чемпионшип, Дерби каунти, каде што тренер е Вејн Руни. По победите над двата третолигаши и еден член од втората лига, Шорли сега стигна и до меч со тим од Премиер лигата, па ќе биде вистинско шоу да се види како ќе успее да се справи со Вулверхемптон.

 

- Оглас -

Најнови вести