Англискиот ВАР систем е невиден циркус – Сака им исчезнал на камерите за првиот гол, уште не се знае дали е во офсајд, или не (Видео+Фото)

Англискиот начин на практикување на ВАР системот на фудбалските натпревари е уникатен и со многу пропусти и комични ситуации, а сега се покажа и полн со дупки во пракса.

Во анализата на дербито од десеттото коло во Премиер лигата меѓу Арсенал и Ливерпул што заврши со победа на Топчиите се покажа дека петте камери што служат за детекција на спорните моменти имаат мртви агли.

Со нивна помош се цртаат познатите линии за офсајд што се уникатни за англиското првенство и на нив често се темелат конечните одлуки за голови, пенали, црвени картони…

Сите пет камери не успеале да го фатат Букајо Сака во вистински момент во првата минута, кога Бен Вајт му ја додава топката, а потоа во продолжение на акцијата Мартинели даде гол за 1:0.

https://twitter.com/AFCBradd/status/1579177799746977793?s=20&t=ASBnhbt5sbUFg6MD0y4oig

Во анализата се вели дека судиите во ВАР собата ја немале клучната ситуација за да се провери дали Сака е во офсајд, или не, односно немале снимка по која би можеле да повлечат линии за спорната ситуација.

Ниту една од петте камери не го фатила моментот на првичниот допир и додавање на Вајт кон Сака, па голот бил признат.

На мечот имаше уште неколку спорни ситуации, но оваа со Сака ги загрижува сите во Премиер лигата, бидејќи се утврди дека има огромна дупка во системот, кој воопшто не фукционира како што се замислуваше и како што впрочем треба, а Сака и буквално го снема од видикот на петте камери за првиот гол на Арсенал.

 

- Оглас -

Најнови вести